Кодекс на однесување

Барањата што си ги поставуваме пред себе, нашите вработени и нашите партнери.

Со генерации точно знаеме која е нашата обврска: Во 2012 година го воведовме Кодексот на однесување во кој дополнително е нагласена нашата етика. Во него се утврдени обврзувачките морални стандарди за нашата секојдневна работа и ја поставува основата за нашата соработка со колегите, добавувачите, партнерите и клиентите.

GW се заложува за фер конкуренција и општествена одговорност кон населението и животната средина: компанијата спречува дискриминација и работа на деца, се залага за човекови права и презема мерки за вработување, заштита при работа и заштита на животната средина. За да го постигнеме ова се фокусираме на социјален дијалог, способноста и посветеноста на сите луѓе во портокаловиот свет – „Прави го она што е правилно, и другите ќе го следат твојот пример.” (Richard G. Scott)