Историја

Како една курирска служба од Алпите стана глобален давател на транспортни и логистички услуги.

И ден денес Gebrüder Weiss, најстарата компанија за транспорт и логистика, е семејна компанија. Во текот на над 500 години компанијата се разви во глобален играч во својот сектор. 

Дознајте нешто повеќе за нашата возбудлива историја – историја која започна пред половина милениум во Фусах на бреговите на прекрасното Боденско езеро.   

1487

Како т.н курири од Линдау, предците на семејството поврзуваа два главни центри за трговија: Милано и германското гратче Линдау. Маршрутата на овие курири започнува од Линдау, продолжува низ австриското гратче Фусах и швајцарското гратче Хур, преку превојот Сплуген висок 2100 метри, па сѐ до езерото Комо и потоа до Милано. 

1788

На 2 јуни, курир од Линдау безбедно го превезува Јохан Волфганг фон Гете во Фусах додека се враќа од своето прво патување во Италија. Фактурата е зачувана во неговиот патувачки дневник: поетот платил 122 гулдени за себе и за својот пријател Кајсер.  

1823

Компанијата е регистрирана како Gebrüder Weiss. со официјално седиште во Фусах, каде што започнува со работа нејзиниот прв логистички центар. Терминалот е во целосна сопственост на Јозеф Вајс, кој го води бизнисот заедно со своите полу-браќа Леонард и Јохан Алои Карл Вајс. 

1877

Компанијата Ditta Fratelli Weiss е основана во Венеција, а подоцна беа отворени филијали во Џенова, Трст и Швајцарија. Со распаѓањето на австро-унгарската империја во раните 1900-ти, Gebrüder Weiss ги губи сите свои локации јужно од Алпите. 

1921

Фердинанд Вајс го презема кормилото во време на немири. И покрај глобалната економска криза, бизнисот продолжува да се шири под негово раководство.  

1945

Логистичките капацитети на железничките станици се уништени, а камионите запленети за воени потреби, но компанијата продолжува да обезбедува транспортни услуги за индустријата и населението. Во Австрија, мрежата почнува да се полни и да стартуваат почетните услуги за Западна Европа. 

1968

Хајди и Пол Сенгер-Вајс го преземаат управувањето со компанијата. Се градат нови терминали, се модернизираат постоечките капацитети, а работењето станува сѐ повеќе меѓународно.  

1989

По падот на Железната завеса, Gebrüder Weiss се сели во земјите од Централна и Источна Европа, почнувајќи од своите најблиски соседи. Се отвораат филијали во Будимпешта, Прага, Брно, Братислава, Марибор и Љубљана. Истовремено се основа и првата локација на Далечниот исток, во Шангај - а набрзо ѝ се придружува и втората во Кингдао.  

1995

На 1 јануари Австрија влегува во Европската унија. Gebrüder Weiss губи голем дел од своето царинско работење на домашниот пазар, што претставува една третина од неговото реално нето производство. Преку сеопфатната реорганизација на сите процедури и интензивната посветеност на сите партнери, GW излегува посилна од оваа криза и ги користи новите можности што ги нуди проширениот пазар. 

2010

До почетокот од годината, Gebrüder Weiss има 4,350 вработени на 140 локации. Дванаесет месеци подоцна, за првпат забележува продажба од над 1 милијарда евра. 

2013

Официјално е отворен логистички терминал во Грузија. Следат и други клучни локации долж новиот Пат на свилата: во Русија, Казахстан, Ерменија и Узбекистан. 

2015

Во Австрија, Gebrüder Weiss лансира нов сектор за производи за трговците на мало и крајните потрошувачи: Испорака до дома. Постојано се додаваат бројни локации во Централна и Источна Европа.  

2017

Gebrüder Weiss ја зајакнува својата мрежа со тоа што започнува со операции во САД, Сингапур и јужна Кина. 

2020

Пуштен е во употреба порталот за корисници на myGW, како дел од програмата за дигитализација на компанијата. Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд стануваат дел од портокаловиот свет. 

2021

Сè повеќе прифаќајќи ги целите за заштита на климата, компанијата го пушта во употреба својот прв камион со погон на водород. Обезбеден пристап до пазарите во Полска и Малезија.