Gebrüder Weiss ги исполнува меѓународните стандарди за да осигури безбедност и квалитет долж целиот синџир на снабдување. Исто така, пред неколку години успешно воспоставиме интегриран систем за управување. Благодарение на него нашето раководство може да донесува брзи и стратегиски одлуки. Функциите на системот се следат редовно во рамките на ревизиите со што навремено може да се решат сите недоследности.
Резултатите од нашето најново истражување за задоволство на клиентите повторно ги потврдуваат високите стандарди на квалитет во Gebrüder Weiss: повеќе од 1.500 клиенти ширум светот им дадоа на нашите услуги највисоки оценки – 96,6% би нè препорачале на други. Оваа силна повратна информација за нас е и потврда и мотивација постојано да ги унапредуваме процесите и не само да ги исполнуваме, туку и да ги надминуваме очекувањата на клиентите.
Погледнете ги нашите сертификати или стапете во контакт со нас – уверете се сами!