Иницијативи

Заедно за иднината

Нашето убедување гласи - не може да дојде до промени ако нема соработка. Затоа Gebrüder Weiss склучува партнерства и поддржува иницијативи кои промовираат одржлив развој. На локално и централно ниво учествуваме во социјални проекти од кои целото општество има корист. Откријте повеќе! 

Одржливи партнерства

17-те цели за одржлив развој (SDGs) ја нагласуваат важноста на партнерствата за нашата планета. Поттикнуваат споделување знаења и технологии, ја олеснуваат мобилизацијата на финансиски средства и ги мотивираат луѓето кои се вклучени. Затоа е клучно нашите цели за одржливост да ги застапуваме пред национални и меѓународни организации, инцијативи и партнерства. 

Корпоративна општествена одговорност

Поддршката на добротворните организации е уште еден од клучните столбови на нашата корпоративна култура. Ја прифаќаме нашата одговорност да финансираме избрани проекти на локално и регионално ниво и да им ги ставиме на располагање нашите ресурси.