GW станува поглобална: Gebrüder Weiss ја проширува глобалната мрежа во светот



Светски единствени услуги под една марка: Така гласи стратегијата на Gebrüder Weiss. По различните локации во Германија, Кина, Хонгконг и Сингапур во првата половина од годината, Gebrüder Weiss летото доживеа престврт и отвори нова сопствена организација во САД и е активна на пет локации, Атланта, Бостон, Лос Анџелес, Њујорк и Чикаго.

Gebrüder Weiss го зголеми своето присуство и во кинеските трговски центри. Отворените локации пролетта во Хонконг и Шенцен, третиот и четвртиот најголем центар, од летото се поддржани од дополнителни канцеларии во Цангјианг и Гуангзу. Gebrüder Weiss работи во Кина од 1992 година и моментално има 14 канцеларии таму, во најважните транспортни центри во земјата.

Во Германија Gebrüder Weiss отвори четири нови канцеларии за воздушен и поморски транспорт во 2017 година во главните транспортни центри, пристаништето Хамбург и на аеродромите во Франкфурт, Минхен и Диселдорф. Заедно со канцелариите за патен транспорт во Еслинген, Алдинген, Меминген, Нирнберг и Пасау, Gebrüder Weiss има 750 вработени во Германија.

На тој начин Gebrüder Weiss ги покрива најважните транспортни локации во светот. За информации за глобалната мрежа и услугите посетете ја новата веб-страница на Gebrüder Weiss на www.gw-world.com