Камион и товар префрлени над тесно грло

Да сме брзи и флексибилни кога изнаоѓаме решение – тоа е дел од нашата работа како специјалисти за логистика. На пример, при ракувањето со каплан турбина, чиј транспорт го извршивме за еден добавувач на мали хидроелектрични централи до нова постројка за производство на електрична енергија.

Улиците во малото гратче во Салцкамергут не се приспособени за турбина која е широка 4,70 метри и висока 3,90 метри. Тесното грло во центарот на Бад Гојзерн беше огромен проблем поради кој можеше да се стопира проектот. Набрзина решивме со помош на мобилен кран приколката од камионот, заедно со товарот, да ги подигнеме преку тесното грло и да си продолжиме со патот.

Назад кон преглед