Информации во реално време за статусот на вашата пратка: myGW ќе ви ги покаже моменталниот статус, локацијата, како и проценетото време на пристигнување на вашата пратка.
Тука сме за вас: барања за нарачки, проблеми со фактурирање или општи прашања - myGW е вашата директна линија за брза комуникација. Транспарентните комуникациски нишки го оптимизираат вашиот синџир на снабдување.
Сите документи на дланка: myGW ви овозможува онлајн-пристап до вашите фактури. Исто така сите релевантни документи, како што се докази за испорака (ДЗИ), ќе им бидат соодветно доделени на вашите нарачки.
Логистика на складишта во кратки црти: Системскиот список на нарачки и информации за залихите во реално време нуди транспарентност и поголема флексибилност во вашите работни процеси.
Управувањето со нарачки преку интернет е лесно: Резервирајте го електронски вашиот транспорт со помош на многу едноставна процедура. Ова ви овозможува да внимавате на вашите нарачки во секое време, без разлика каде се наоѓате, заштедувајќи време во процесот.