Gebrüder Weiss расте во сите сектори

March 16, 2022

Компанијата ја проширува својата мрежа во Европа и низ светот и ја зголеми нето-продажбата на 2,5 милијарди евра/висока побарувачка за е-трговија/112 милиони евра во проширување на своите локации/сè уште во фокусот: Дигитални услуги и зелена логистика

Меѓународната компанија за транспорт и логистика Gebrüder Weiss генерираше прелиминарна нето-продажба од 2,54 милијарди евра во изминатата фискална година. Тоа е еднакво на зголемување од 43 проценти во споредба со претходната година (2020: 1,77 милијарди евра). Над 70 проценти од растот на продажбата доаѓа од секторот Air & Sea. Поради глобалниот недостаток од карго-простор, товарните цени на компаниите за испорака и авионските компании се зголеми многукратно. Совладувањето на овие трошоци беше припишано главно на зголемената логистичка продажба, иако тоа со себе донесе свои посебни предизвици.

„2021 беше уште една исклучителна година карактеризирана со голема нестабилност. Дисбалансот на малиот капацитет за товар и големата побарувачка имаше драстични ефекти. Благодарение на огромниот труд и посветеноста, успеавме да имплементираме соодветни транспортни решенија за нашите клиенти и покрај ограничениот капацитет. Горд сум на тоа што нашите вработени го постигнаа во тешки услови“, вели Волфрам Зенгер-Вајс, Генерален извршен директор на Gebrüder Weiss.

Во 2021 година, компанијата организираше поголем број на авионски товарни чартер летови за своите потрошувачи и користеше Prachter, патнички авион кој се пренаменува да биде карго-авион. Преземањето на Ipsen Logistics во Германија, Полска и Малезија на крајот од 2020 година претставуваше важен развоен чекор за глобалната мрежа. Севкупно, секторот Air & Sea и секторот за логистика постигнаа продажби од 1,03 милијарди евра (2020: 470 милиони евра).

Секторот за копнен транспорт и логистика постигна зголемување на продажбата од 16 проценти, односно 1,277 милијарди евра (2020: 1,104 милијарди евра). За да ја зголеми ефикасноста, Gebrüder Weiss користеше нови технологии за планирање транспорт и за закажување и мерење на товар; беше воведена и интермодална врска од Виена до германскиот регион Рур. Се поставија нови рекорди за испорака во сите области на производи во целокупниот транспорт. Gebrüder Weiss оствари околу 1,74 милиони пратки со Home Delivery до крајните потрошувачи во Австрија и неколку земји во Источна Европа со што дополнително ја зголеми лидерската позиција на пазарот таму (2020: 1,37 милиони пратки). DPD Österreich, чиј акционер е службата за пакети на Gebrüder Weiss, испорача околу 66,5 милиони пакети во 2021 година. Тоа е зголемување од 16 проценти во споредба со претходната година, главно благодарејќи на силниот приватен потрошувачки бизнис.

Силна позиција на пазарот во Средна и Источна Европа
Во Баварија, Gebrüder Weiss ја консолидираше својата јужна германска копнена транспортна мрежа преку аквизиции. Компанијата отвори други подружници во Бугарија, Турција, Унгарија, Чешка и Јужна Кореја. Севкупно, компанијата инвестираше вкупно 112 милиони во проширување на локациите и за нови објекти (2020: 75,6 милиони евра) – ова е најголемата инвестициска количина во историјата на компанијата. Како што се прошируваше мрежата, така се зголемуваше и бројот на вработени: се зголеми за осум проценти на околу 8.000 вработени.

14.500 корисници го користат порталот myGW
За да го оптимизира процесот на логистика, Gebrüder Weiss сè повеќе користи дигитални алатки за своите потрошувачи: „Барањата за брзина, ефикасност и транспарентност долж целиот синџир на снабдување се зголемија значително. Со меѓународното проширување и натамошниот развој на порталот myGW имавме едно важно постигнување“, вели Волфрам Зенгер-Вајс. Дигиталната платформа им нуди на потрошувачите информации во реално време за нивните пратки и веќе се користи од преку 14.500 корисници во 19 земји. Освен тоа, проектите во областа на управување со синџирот на набавки беа имплементирани за неколку добропознати муштерии. Компанијата би сакала да продолжи да расте во тој сектор и да го прошири опсегот на своите дигитални услуги. „Кризата со коронавирусот исто така покажа колку е важно да се има контрола над физичката инфраструктура.
Нашата стратегија „Best of Both Worlds“ – која значи модерни дигитални алатки од една страна и логистичка инфраструктура, товарен капацитет и добро обучени вработени од друга страна – уште еднаш се покажа како точна“, вели Зенгер-Вајс.

Климатска неутралност до 2030 година
До 2030 година, компанијата посакува да ги врши своите операции на локации со климатска неутралност. Заради тоа, осум фотоволтаични системи беа инсталирани на логистичките терминали во Австрија и Германија само во изминатата година. Другите локации ќе следуваат оваа година. Освен тоа, компанијата користи и нови технологии: Еден од првите камиони на водород во светот веќе се покажа во логистиката, другите алтернативни погони со течен гас и струја веќе се користат во тешкиот сообраќај и за Home Delivery. За своите клиенти Gebrüder Weiss ја воведе услугата „zero-emissions“ со која се нуди можност за намалување на емисиите на CO2 на секоја логистичка услуга за дополнителен износ. Тој дополнителен износ се користи за финансирање на сертифицирани проекти за заштита на климата.

Media

Press Contact
Merlin Herrmann

Merlin Herrmann

press@gw-world.com

+43.5574.696.2169