Gebrüder Weiss: Нова локација во Албанија

February 13, 2023

Со локацијата во Тирана, компанијата за логистика ја консолидира југоисточната европска мрежа на локации и ги проширува транспортните врски до и од Албанија.

На 6 февруари, Gebrüder Weiss отвори нова локација во Тирана, главниот град на Албанија. Меѓународната транспортна и логистичка компанија така ја пополни географската празнина помеѓу Црна Гора и Северна Македонија и ги проширува своите транспортни врски во Југоисточна Европа. Со своите локации во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, сега Gebrüder Weiss е целосно присутна во Западен Балкан.

„Транспортот од и кон Албанија се зголеми значително во изминатите дест години. Поголемиот дел од транспортираната стока доаѓа од Европската Унија. Со локацијата во Тирана, најважниот транспортен центар во земјата, сакаме да им понудиме на клиентите од индустријата и трговијата директна врска помеѓу Албанија и земјите од ЕУ“, вели Томас Мозер, директор и регионален менаџер во Black Sea/CIS регионот при Gebrüder Weiss.

Предусловите за тоа се добри: Логистичката компанија има густа патна транспортна мрежа во соседните земји, како и во Средна и Источна Европа. „Во првиот чекор, ќе ги прошириме постоечките линии помеѓу Северна Македонија (Скопје) и Албанија во двете насоки. Новите врски до Италија, главниот трговски партнер на Албанија, исто така се испланирани“, вели Дорина Ислами, менаџер за Албанија во Gebrüder Weiss.

Економските изгледи во Албанија се позитивни повторно по пандемијата на коронавирусот. Во 2023 година се очекува економски раст за околу три проценти. Увозите, како храна, машини, хемикалии и текстил доминираат во трговијата. Извозите во Европската Унија, со која постои договор за слободна трговија од 2009 година, вклучуваат облека и храна, железо и челик, како и други суровини.

Media

Press Contact
Merlin Herrmann

Merlin Herrmann

press@gw-world.com

+43.5574.696.2169