• 01
  • 02
  • 03
  • 04
  • 05

Здраво, како можеме да ви помогнеме денес?

GWmoves

Од луѓето и за луѓето кои веќе над 500 години негуваат страст за мобилност и кои отсекогаш биле фокусирани на иднината. 

GWcares

Исполнете ги вашите цели за одржливост со партнер кој секогаш гледа напред. 

myGW

Портал за клиенти: Една сметка за сѐ. Причина повеќе да го изберете GW. 

Водечки решенија во синџирот на набавка 

Го координираме, следиме и управуваме со вашиот синџир на набавка—со минимално влијание врз животната средина.

i

Соопштение

Молиме забележете ја нашата нова поштенска адреса за комуникација и седиште:

Ул.35, бр. 35, ИЛИНДЕН СКОПЈЕ, МК-1041

Сите останати идентификациски податоци за фирмата, даночен број, регистерски број, одобренија, сметки во банки, телефонски броеви, мејл адреси итн. остануваат непроменети.

Редакција

Биланс 2022 година: Gebrüder Weiss продолжува да расте

March 14, 2023

Компанијата за логистика генерираше зголемување на продажбата од 18 проценти и ја проширува својата позиција на важните пазари/ 67 милиони евра беа инвестирани во проширување и дигитализација на мрежите/Дополнителни чекори беа преземени и во насока на климатска неутралност.

Меѓународната компанија за транспорт и логистика Gebrüder Weiss генерираше нето-продажба од 3,01 милијарди евра во изминатата фискална година. Тоа е еднакво на зголемување од 18 проценти во споредба со претходната година (2021: 2,54 милијарди евра). Логистичката компанија на тој начин го продолжи позитивниот развој од претходната година. „Успеавме да продолжиме со исполнување на нашите стратешки цели во предизвикувачка средина. Ја проширивме нашата позиција на најважните пазари во Централна и Источна Европа, САД и Азија и продолживме да напредуваме со фокусот кон дигитализацијата и климатската неутралност до 2030 година. Задоволителните резултати во сите деловни области покажуваат дека сме на цврсто тло и имаме безбедна иднина“, вели Волфрам Зенгер-Вајс, генерален извршен директор на Gebrüder Weiss. Капиталот исто така порасна и сега е околу повторно на ниво од 60 проценти, што укажува на силата на компанијата сред криза и со што Gebrüder Weiss исто така се издвојува како сигурен работодавач (2021: 57 проценти).

Во однос на копнениот транспорт, има зголемување од 16 проценти на 1.479 милиони евра (2021: 1.277 милиони евра). Домашните испораки останаа на нивото од претходната година и се испорачаа околу 1,53 милиони пратки до приватните домаќинства во Австрија и Источна Европа (2021: 1,58 милиони пратки). На тој начин Gebrüder Weiss ја одржа својата позиција како лидер на пазарот во овој сегмент. Воздушниот и поморскиот транспорт растеа значително, затворајќи ја годината со 1.272 милиони евра и зголемување на продажбите од 24 проценти (2021: 1.024 милиони евра). Високите товарни стапки на бродските и авионските компании придонесоа значително кон ова зголемување. Волуменот на пратки на DPD Österreich, чијшто акционер е службата за пратки на Gebrüder Weiss, остана речиси константен: 66 милиони пакети беа транспортирани минатата година (2021: 66,5 милиони).

Проширување на меѓународната мрежа
И покрај тешката економска ситуација во контекст на војната во Украина, проблемите со енергијата и зголемената инфлација, Gebrüder Weiss се задржа на стратегијата за инвестирање во 2022 година. Вкупно 67 милиони евра се искористија за консолидација на својата мрежа и проширувањето на меѓународните локации и услуги. Компанијата се фокусираше на Германија, Унгарија, Романија и САД, како и Турција и Грузија, од кои последните две се централна врска со средноисточниот коридор низ кој компанијата ги прошири своите транспортни врски кон Централна Азија и Кина.

Во важните логистички пазари во Германија, Gebrüder Weiss можеше да ја консолидира својата позиција во воздушниот и поморскиот, како и во копнениот транспорт. Во Јужна Германија, компанијата го заврши процесот на преименување на баварскиот шпедитер Lode во Gebrüder Weiss Waldkraiburg. Се планира натамошно проширување на јужногерманската копнена транспортна мрежа, првата рута беше поставена уште на почетокот на 2023 година со преземање на шпедицијата Rentschler во Баден-Виртембер. Како што се прошируваше мрежата, така се зголемуваше и бројот на вработени: истиот се зголеми за шест проценти на околу 8.400 вработени (2021: 7.900).

Понатаму во фокусот: Дигитализација и одржливост
Стратегијата за дигитализација „Best of Both Worlds“ која Gebrüder Weiss ја разбира како комбинација од оперативна и дигитална компетенција, беше исто така конзистентно водена во 2022 година. Меѓудругото, дигиталниот портал за клиенти myGW беше пуштен глобално. Порталот им нуди на клиентите информации во реално време за нивниот проток на добра и со тоа максимална транспарентност долж целиот синџир на снабдување. „Нашата цел е да ги испорачаме најдобрите решенија за снабдување на нашите клиенти додека се минимизира влијанието врз животната средина. За таа цел, постојано инвестираме во нашите логистички системи и дигитални алатки, во обука на нашите вработени и во еколошки транспортни можности“, објаснува Волфрам Зенгер-Вајс.

Во извештајот за одржливост објавен во 2022 година, се покажа дека Gebrüder Weiss е јасно посветен на одржливите цели и сака да направи придонес кон глобалната заштита на климата. До 2030 година, логистичките објекти на компанијата треба да бидат климатски неутрални. За таа цел, компанијата сè повеќе користи струја од обновливи извори и последната година инсталираше нови системи на фото-волтаици на локации во Германија, Австрија и Швајцарија. Вкупно 22 такви системи веќе се користат, што значи намалување од 1.110 тони CO2 годишно. Проширувањето треба да продолжи во 2023 година во овие земји, како и во Источна Европа.

Исто така, имаше движење во полето на алтернативни погони: По успешни тестови на долги растојанија на водородниот камион на компанијата, Gebrüder Weiss ќе продолжи да инвестира во оваа технологија: Во 2023 година, пет нови камиони на H2 треба да возат на патиштата во Германија. Исто така, постојат планови за натамошно зголемување на бројот на електрични комбиња за урбан транспорт на стока во Австрија и Источна Европа.

Gebrüder Weiss очекува логистичкиот бизнис да се нормализира во 2023 година. Бројот на пратки тековно е во мал пад и стапките на воздушен и поморски товарен транспорт се паднати речиси на нивото од 2019 година. Во тој поглед, се очекува надолен тренд во продажбата исто така. Генералната геополитичка ситуација може да создаде дополнителни тешкотии. Волфрам Зенгер-Вајс „Пандемијата покажа колку е ефикасна логистиката и колку брзо може да реагира на променливите услови. Gebrüder Weiss можеше да ја консолидира својата финансиска основа и да протурка иновации. Блиску сме до клиентите и деривираме соодветни дигитални услуги од нивните потреби. Секако, ги земаме предвид тековната економска прогноза, високата инфлација и војната во Украина со почит и загриженост. Како силна компанија, остануваме самоуверени и покрај сè.“

Media

Нашите локации ширум светот

  • 0
    локации
  • 0
    земји
  • 0 . 0
    вработени

GWcycles 2024: Together to the Moon and Back!

Following the sensational successes of the past two years, our cycling campaign continues in 2024. The goal – to the Moon and back – is a distance of 768,800 kilometers. Every kilometer counts, as we plant trees and promote sustainable mobility together.

Што велат нашите клиенти

  • 01
  • 02
  • 03
Што велат нашите клиенти
Се потпираме на долгогодишната стручност на Gebrüder Weiss и нејзината докажана, цврсто интегрирана мрежа.
Џозеф Обересл, менаџер за логистика за Средна и Јужна Европа, Liebherr
Logo
Што велат нашите клиенти
Суштината на една служба за корисници е обезбедувањето точни и транспарентни информации. Никогаш нема проблеми со myGW!
Бернадет Ниман, Kärcher Австрија
Logo
Што велат нашите клиенти
Веќе 20 години работиме со Gebrüder Weiss и се навикнавме на сигурноста и проактивното размислување на нашиот логистички партнер.
Тобијас Сејболд, лидер на тимот за управување со товар, Husqvarna Logistics GmbH
Logo

GW ја движи вашата иднина

Луѓето кои работат во Gebrüder Weiss ја сакаат мобилноста. Но преместувањето стоки од точка А до точка Б е само почеток. Gebrüder Weiss сака да има одржлива улога во обликувањето на иднината на логистиката. Затоа сакаме да вработуваме лица кои ја имаат истата визија.

i

Најнови информации за Украина

Сакаме да ве информираме за тоа како кризата во Украина влијае врз моменталната состојба со транспортот.

 

Дознајте повеќе

Social Wall

#GebrüderWeiss