zero emissions

Заедно градиме одржлива иднина

Нашата програма за нула емисии ви дава можност целосно да ги неутрализирате емисиите на CO2 кои ги генерираат вашите пратки - така што ќе поддржите сертифициран проект за заштита на климата.

 

„Со нула емисии им помагаме на нашите клиенти да станат климатски неутрални и да постигнат избалансиран еколошки отпечаток.“

Волфрам Сенгер-Вајс, извршен директор  

 

Нашите услуги во кратки црти 

Најпрво се мерат емисиите на стакленички гасови генерирани од одреден процес, компанија или услуга итн. (јаглероден отпечаток). Во следниот чекор се врши компензација по пат на сертификати (и кредити за намалување на емисиите), каде што преку проекти за заштита на климата се урамнотежува количината на емисии.

Го користиме ЕcoTransIT за пресметка на количината емисии CO2 , каде што системот за управување со транспорт (TMS) во Gebrüder Weiss ја обезбедува базата на податоци. Во оваа методологија земени се предвид сите делови од транспортниот процес, како и специфичните начини на транспорт што се користат.

Формулата што ја користи EcoTransIT за пресметување на емисиите е во согласност со европскиот стандард DIN EN 16258 и рамката GLEC.

Пример: Транспорт на палети од точка А / Австрија до точка Б / Унгарија

Ако претпоставиме дека цената е 15 евра по метрички тон CO2и емисиите на CO2 помеѓу A и Б се 0,04296 метрички тони, пратката целосно се компензира на  65 евроценти (15 евра x 0,04296 метрички тони/ CO2). Gebrüder Weiss ги вложува 65-те евроценти од клиентот во сертифициран проект за заштита на климата со што целосно се неутрализираат емисиите.

    И покрај сите напори, сѐ уште се генерира CO2 при најголемиот дел транспортни операции. Овие емисии можат да се компензираат со проектите за заштита на климата на пр. со пошумување на шумите и со зголемена употреба на обновливите извори енергија. Независните организации го следат генерирањето на емисии и ги пресметуваат мерките кои се потребни за нивно неутрализирање. Во рамки на програмата на the Gebrüder Weiss за нула емисии овие чекори се спроведуваат навремено и прецизно.

    Дополнителни информации

      Клиентот од нас добива сертификат со кој се потврдува придонесот и покажува дека сите настанати емисии се целосно компензирани.

        Нигерија

        „Чисти шпорети Тојола“ (Toyola Clean Cookstoves)

        Помала сеча на шуми поради намаленото согорување дрва Во овој проект во Нигерија, обичните шпорети се заменуваат со далеку поекономични модели, попознати како Toyola Coalpots. Домаќинствата кои преминуваат на користење на новите печки, ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија за околу 30% годишно, што е еднакво на заштеда од 80 евра. Покрај заштедата на гориво, со намалените емисии се намалува и загадувањето на воздухот. Со ова се подобрува општото здравје на населението во Нигерија. 

        Дознајте повеќе 

        Малави

        „Проект за бушотини Дова и Касунгу“ (Borehole Project Dowa and Kasungu)

        Подобрување на условите за живот со чиста вода. Лошата хигиена, супстандардните санитарни јазли и недостигот на чиста вода се меѓу главните причини за сиромаштијата во Африка. Без пристап до чиста питка вода, изгледите да се побегне од сиромаштијата се многу мали. Проектот за бушотини во Малави обезбедува наменски залихи за локалните заедници. 

        Дознајте повеќе 

        Австрија/Кина

        „Комбиниран проект за заштита на климата“ (Combined Climate-Protection Project)

        Проектот се состои од два дела. Проектот Jinchuan Magang 49.5MW Wind Power има за цел да инсталира и произведува обновлива енергија со 33 сета турбини на ветер кои би генерирале 1,5 MW, со што би се намалиле околу 90.000 метрички тони CO2 годишно. Покрај тоа, се донираат и 2,50 евра за секој CO2 сертификат за проекти за шумска екологија во долината Монтафон во западна Австрија. 

        Дознајте повеќе за ветерниот парк 

        Дознајте повеќе за Австрија и за Монтафон

        Бразил

        „Pacajai Redd + Проект“

        Одржливо управување на шумите со што се штитат важните еко-системи. Со овој проект за заштита на климата им помагаме на селските заедници во долината Јари/Амапа да го спречат сечењето на околните шумски предели. Главната цел е да се зачуваат околу 180.000 хектари шума. Во рамки на проектот ги обучуваме жителите од селата како да го поттикнат одржливото користење шуми меѓу новите жители и како да ја поттикнат соработката во поглед на заштита на шумите.

        Дознајте повеќе

        Индија

        „Проект за соларна енергија“ (Solar Power Project)

        Чиста енергија благодарение на сончевата енергија. Проектот опфаќа изградба и работа на фотоволтаична централа во близина на селото Тирумани во државата Карнатака. Сончевиот парк е со вкупна инсталирана моќност од 100 MW и произведува околу 181 GWh чиста електрична енергија годишно. Земајќи ја како основа просечната потрошувачка по глава на жител во Индија, проектот ќе може да ги задоволи годишните потреби за електрична енергија на 225.000 луѓе на одржлив начин.

        Дознајте повеќе 

        Перу

        Проект за бразилскиот орев на заедницата за прашуми („Brazil Nut Rainforest Community Project“)

        Одржливо одгледување бразилски орев за заштита на шумските подрачја. Проектот за заштита на климата кој се однесува на прашумите и бразилскиот орев е насочен кон зачувување на недопрените дождовни шуми кои се дом и живеалиште на ретки и загрозени флора и фауна. Преку својата работа проектот нуди долгорочен извор на приход за околу 400 семејства ангажирани во традиционалниот начин на собирање бразилски ореви. 

        Дознајте повеќе 

        Напредуваме заедно кон одржлива иднина