Копнен транспорт

Ништо не е предалеку за вашиот успех

Со нашата широка палета решенија за копнен транспорт, ви нудиме предност во развојот и секојдневни услуги на вашите меѓународни пазари. 180-те локации во сопственост на компанијата и долгогодишното искуство нѐ прават сигурен партнер за вашиот копнен товар. Откријте повеќе!

Општ и збирен товар

GW pro.line е нашиот стандардизиран производ за општ и збирен товар во кој се обединети нашите врвни услуги за вас низ цела Европа. Поконкретно ова значи секојдневни поаѓања, однапред дефинирано време на транзит и фиксни стандарди за квалитет.

Делумен и целосен товар

GW direct.line е идеално решение за делумен и целосен товар за вашите потреби за директна дистрибуција во Европа. Благодарение на нашата цврсто интегрирана мрежа на филијали и партнери, секогаш можеме да гарантираме доволен капацитет и вашите стоки да ги транспортираме до вашите европски дестинации безбедно, навремено и преку најефикасните рути.