Транспорт

Непречениот проток на стоки е суштинско за нашето работење

Благодарение на 180 локации во сопственост на компанијата, нашето членство во NG.network и нашето долгогодишно искуство, можеме да ви понудиме ефикасни и иновативни решенија за копнен, поморски или воздушен транспорт.

Копнен транспорт

Со нашата широка палета решенија за копнен транспорт, ви нудиме предност во развојот и секојдневни услуги на вашите меѓународни пазари. 180-те локации во сопственост на компанијата и долгогодишното искуство нѐ прават сигурен партнер за вашиот копнен товар. Откријте повеќе!

Воздушен транспорт

Вашиот воздушен товар е сигурен со нас: со помош на најсовремената технологија, нашите експерти за воздушен товар деноноќно осигуруваат вашата стока да стигне до својата дестинација економично, точно и во одлична состојба - ширум светот.

Поморски транспорт

Без разлика дали имате контејнерски товар или посебни потреби за транспорт: како проверен и сигурен поморски превозник ги доставуваме вашите пратки брзо и професионално - преку кое било пристаниште по ваш избор низ целиот свет.

Логистика на железнички транспорт

Превозот на стока со воз може да биде добра алтернатива. Па логично е што во нашата понуда имаме најразлични решенија за логистика на железнички транспорт со кои ги надополнуваме нашите операции за копнен транспорт и го олеснуваме интелигентното здружување на транспортните услуги. Го испраќаме вашиот товар по „Железниот пат на свилата“ помеѓу Азија и Европа, до европските поморски пристаништа и во Австрија со помош на товарниот воз Orange Combi Cargo. Контактирајте нѐ и дознајте повеќе за нашите производи!

East Plus

Ние сме искусен партнер за транспорт до земјите од Централна Азија или до Кина.  Веќе со години, Competence Center East plus при Gebrüder Weiss е специјализиран за копнен транспорт во овие региони. Ќе имате придобивка од веќе проверените и сигурни транспортни рути на Средниот коридор, воспоставената партнерска мрежа и знаењето на нашите вработени кога станува збор за инфраструктурата, законите и културните разлики во различните земји.

Проекти и конвенционален товар (Projects & Break Bulk)

Нашите експерти од секторот Projects & Break Bulk ги извршуваат често спектакуларните процеси кои се однесуваат на транспортот на нестандардни стоки. Без разлика колку и да е голем товарот што треба да го преместите – гломазни челични компоненти, цели фабрики, јахти или специјални возила – нашите експерти се подготвени за предизвикот.