Со над 8.600 вработени, 180 локации во сопственост на фирмата и годишен промет од 2,47 милијарда евра (2023), Gebrüder Weiss се вбројува во водечките транспортни и логистички компании во Европа.
Под покривот на Gebrüder Weiss Holding AG со седиште во Лаутерах (Форарлберг), покрај своите главни секторски дејности на копнен, воздушен и поморски транспорт како и логистика, компанијата опфаќа и редица на високо специјализирани решенија за индустријата и фирмите-ќерки – меѓу нив x|vise за логистички консалтинг, tectraxx (специјализирани во браншата за висока технологија), dicall (телефонски услуги, консалтинг, телемаркетинг), Railcargo (железнички транспорт) и пакетната служба на Gebrüder Weiss содружник на австриската DPD. Оваа поврзаност овозможува брзо и флексибилно да реагираме на потребите на клиентите.
Со помош на бројните еколошки, економски и социјални мерки, оваа семејна компанија, чија историја во транспортот датира повеќе од 500 години наназад, денес важи за пионер во однос на одржливото управување.
Нашите брендови и фирми-ќерки се значаен составен дел на нашиот успех. Со нив дополнително ја зајакнуваме нашата компетенција во транспортот и логистиката и на овој начин можеме уште подобро да ги исполниме разновидните барања на нашите клиенти прекузнаења и вештини специфични за индустријата и синергии – побрзо, поефикасно и пофлексибилно.
Нашите барања за квалитет и извонредност се големи. Не е важно дали се работи за производи и услуги за клиентите, резултати и промовирање на нашите вработени или нашиот однос кон животната средина. Особено не радува што нашите постигнувања во изминатите години се наградени со многубројни признанија.
Услуги/Компанија
Човечки ресурси
Одржливост
Gebrüder Weiss се заснова на историја долга над половина милениум. Наследство, коешто истовремено нè обврзува на: далекувидност, претпазливост и способност и понатаму да се развиваме со светот. Тргнувајќи од нашите домашни пазари во регионот помеѓу Алпите и Дунав, како и во Источна Европа, денес ги придвижуваме сите видови на товар преку копно, море или воздух, од и до секој континент.
Gebrüder Weiss се одликува со силна корпоративна култура. Четири дефинирани главни вредности ги градат темелите коишто ја поддржуваат структурата на концернот GW надвор од националните граници, меѓусебно ги поврзуваат луѓето во компанијата и истовремено ја претставуваат главната мисија во секојдневното работење: независност, одржливост, посветеност и извонредна услуга.
во светот
во милиони евра
годишно во светот
за логистика од
By people for people
... who have been passionate about mobility for more than 500 years, and whose focus has always been on the future.
See how we bring the world closer together – every single day.