За нас

Кои сме, што правиме и за што се залагаме

Gebrüder Weiss има долга историја – над половина милениум! Наследство коешто си носи и свои обврски. Мора да сме секогаш будни, да можеме да ги предвидиме нештата, мора постојано да се приспособуваме и да одиме напред. Почнувајќи од нашите први домашни пазари вдолж Дунав, Алпите и Источна Европа, денес пренесуваме секаков товар – по копно, море и воздух на секој можен начин за транспорт – до и од секој континент на планетата.

Во нашата компанија работат 8.600 посветени лица на 180 локации ширум светот, кои даваат сѐ од себе. Развиваме приспособени решенија за нашите клиенти во кои цврсто се интегрирани производните, деловните, логистичките и транспортните процеси. Со ова им помагаме на нашите клиенти да бидат поефикасни и да ги намалат своите трошоци – давајќи им конкурентна предност на пазарот. Сето ова е можно благодарение на долгогодишното искуство и непоколебливата амбиција: да испорачаме решенија за синџирот на снабдување со кои се максимизира успехот на нашите клиенти.   

Youtube Video

Искусете и сами како се движи со GWmoves.